САД ќе испрати авиони Ф-22 во Јужна Кореја, каде би требало да учевствуваат во заедничка вежба со јужнокорејската војска.

Шест авиони Ф-22 „Раптор“ за борба против закана од воздух и можност да погодување мета на земја, стационирани на јапонскиот остров Окинави, ќе бидат упатени во Јужна Кореја.

Заедничката воена вежба би требало да започне на 4. декември.

Портпаролот на јужнокорејската војска не сакаше да одговори колку авиони Ф-22 ќе учевствуваат во вежбата, а ни порпаролот на американската војска не сакаше да даде коментар на ова прашање.

Со овие вежби, американските и јужнокорејските сили ќе демонстрираат сила во знак на одговор на нуклеарните и балистички проби на Северна Кореја.

Слични содржини