Откритијата од “Панама Пејперс” имаат опасен полнеж. Можеби ефектот нема да се манифестира веднаш, но во еден недалеку ден од иднината на постсоветска Русија тој неизбежно ќе доведе до јавна експлозија, пишува DW.

0,,18250850_303,00

Реакциите во Русија го покажуваат премногу елоквентно менталитетот на една земја која според економистот и публицист Кирил Рогов го демонстрира “синдромот на високата корупција”. Тој се гледа по тоа што целото општество реагира деморализирано и не верува дека нешто може да се промени на подобро. Оттука и омаловажувачки коментари од типот на: “И целата таа врева – само за некакви си два милијарди долари?”

Холанѓаните гласаат на референдум за асоцијацијата меѓу ЕУ и Украина

Уверен сум дека сепак “хероите”, осудени од објавата, веќе реагираа и допрва ќе реагираат уште активно. Истрагата на новинарскиот конзорциум е политички неутрален и токму тоа го прави особено ефикасен. Бидејќи не е можно да се тврди дека е наложена политичка нарачка откако откритијата се однесуваат истовремено за украинскиот претседател Петро Порошенко, но и до пријателскиот круг на Владимир Путин.

Пророштвото на Борис Немцов

Уште додека беше жив Борис Немцов ја изрече крилатата фраза: “На нашата елита и се сака да владее како Сталин, а да живее како Абрамович. Нема како да се случи тоа!”. Доказ за тоа се и откритијата од “Панама пејперс”. Сега изгледите за укинување на санкциите против руските политичари, бизнисмени и фирми станува уште попроблематични. Министерството за финансии на САД ги толкува откритијата од “Панама пејперс” како доказ за тоа дека се обиди за заобиколување на санкциите преку создавање на офшорки. Веројатно и ЕУ ќе се загледа во нив, истражувајќи го токму овој аспект. а руските средства ќе станат уште повеќе “отровни” за странските инвеститори, кои и без тоа се обесхрабрени од санкциите. Добивањето на кредити, што е отежнато и сега, ќе стане уште попроблематично.

0,,19164478_401,00
Тука трогателен ќе е начинот на кој официјална Москва реагира на панамскиот откритија. Ако наскоро бидеме сведоци на пуштањето на Надежда Савченко, тоа може да значи дека стремежот за зачувување на финансиските средства ќе ја предизвика руската елита да се откаже од конфронтацијата со Западот. Лично јас сепак сметам дека Кремљ ќе тргне кон заострување на ситуацијата. За почеток ќе се засили притисокот над опозицијата и независните медиуми во Русија, а во странство ќе биде проширена пропагандната кампања и поддршката за левите и десни радикали во земјите од ЕУ.

Допрва ќе има прилика да се зборува за “Панама пејперс”

Природно, државните руски медиуми не соопштија ништо за оној дел од панамскоте истраги кои се однесуваат на Русија. Кремљ сепак се покажа во сложена ситуација. Од една страна не му се сака да пропушти шанса да разгласи дека ете, гледате ли сите и насекаде прават исти измамнички маневри, како и да удри по заколнатиот непријател Петро Порошенко. Од друга страна, сепак, Кремљ јавно се прашува дали вреди да го буди интересот на Русите кон истрагата, во кое се вмешани и некои од најблиските пријатели на рускиот претседател?

“Панама пејперс” несомнено ќе влијаат на општеството, иако не веднаш. Таквите информации се сметаат побавни од јавната свест. Таа сепак се запечатува во него дотогаш, додека политичката криза не го принуди општеството, слично на главниот лик од некој стар холивудски филм, да се сети на нешто и да ја излее сета бес врз злата власт.

Така тоа се случува во времето на перестројката, кога комунистичките водачи беа конфронтира со откритијата за Гулаг за воените авантури во странство, а најмногу за тоа каква била распределбата на приходите во власта. Очигледно така ќе се случи и еден ден во недалечноста, постсоветската иднина на Русија.

Слични содржини