Вечерва по сите одлуки на ДИК, околу селективноста на проверка на избирачкиот список,  итна седница на извршниот одбор на СДСМ.

сдсм

Она што локално.мк го дознава е дека СДСМ дава уште една, последна  шанса да се проверат и преслушаат спорните одлуки и одиумот во кој се насочи работата на ДИК, особено повторното групирање на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и  партискиот интерес наспроти законот и државниот интерес. Ваквиот пристап вели истиот извор не оддалечува  од клучната цел и обврска -услови за фер и кредибилни избори.Мора да им се стави крај на изборните нерегуларности.

Македонија е во сериозна политичка криза, со која нерасчистувањето со избирачкиот список, суштински  е  неисполнување на пржинскиот договор.  Не е најсуштински кој ќе ги загуби изборите , туку колку ќе загуби Македонија со губењето  на препораката и поставување на нелегитимни институции преку нерегуларни избори, вели за локално.мк висок извор на СДСМ, по вечерашниот итен состанок на раководството на СДСМ.

 

Слични содржини