СДСМ вечерва се на седница на извршниот одбор на партијата на кој ќе расправаат за новиот развој на политичката ситуација откако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го избраа 24-ти април како изборен ден за предвремените парламентарни избори, а Собранието без опозицијата изгласа распуштање на законодавниот дом кое ќе важи од 24-ти февруари.

tri-izlezi-od-krizata-vo-koja-e-sdsm-1.avtobuska-stanica-2.zheleznichka-stanica-3.aerodrom-242822
Во тек е седницата на највисокото партиско тело на социјал-демократите која опстојува на ставот дека нема да учествува на изборите без прочистување на избирачкиот список и без регулирање на рамноправно медиумско претставување за изборите.

Министрите од СДСМ кои се дел од владата Оливер Спасовски (МВР) и Фросина Ременски Ташевска (труд и социјална политика) нема да присуствуваат на седницата на Собранието на која ќе се гласа за техничката влада чиј премиер ќе биде Емил Димитриев.

Слични содржини