Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со голема загриженост ја прими веста дека 12 вработени во Телма телевизија се прогласени за технолошки вишок, со одлука на менаџментот на овој медиум.telma1

Менаџментот на Телма телевизија, како раководство на угледен, релевантен и респектабилен медиум, треба да се произнесе и во детали да ја објасни причината за оваа одлука. Особено што станува збор за професионални новинари, докажани во својата долгогодишна работа.

Го повикуваме раководниот тим на Телма телевизија да ја преиспита својата одлука и да ги разгледа сите можности што му стојат на располагање да се донесе соодветно решение кое ќе биде во интерес на новинарите, во согласност со заштитата на нивните законски права и обрски.

Решение коешто нема да се одрази на квалитетот на програмските содржини на Телма телевизија, медиум којшто ужiва углед помеѓу граѓаните на Република Македонија.

Слични содржини