Првиот опозиционер Зоран Заев, додржа до зборот и денеска не се појави на почетокот судењето за случајот „Пуч“ во скопскиот кривичен суд. Следното рочиште е закажано за 7 септември.

5E5D4B9F-2ACB-4B14-8377-9DE1F4D25C2C_w640_r1_s_cx0_cy13_cw0 (1)
На почетокот на рочиштето судијката Љубинка Башеска констатираше дека Заев бил уредно поканет, а на расправата прочита и известување од судот во Струмица дека Заев не се појавил ни на тој суд иако имал обврска тоа да го направи.

Одбраната на Заев пред судит посочи дека , тој вчера бил во судот во Струмица, но само за да го извести дека нема да ја почитува обврската која му е издадена со мерката на претпазливости дека Заев јавно ја кажал причината зошто нема да присуствува на судењето.
Судијката потоа на записник констатираше дека Заев е неоправдано отсутен и бидејќи не се исполнети условите сакаше следното рочиште да го закаже за крајот на август, по што одбраната побара судењето да биде одложено на подолг рок.

„Знаете дека е постигнат политички договор и оти случајот ќе го води специјален обвинител“, рече адвокатот Медарски.

На што Башевска одговори дека не ја интересираат политичките околности, туку фактите и оти има луѓе кои се уште се во притвор за случајот и затоа мора судењето да биде закажано за пократок рок.
Во предметот двајца се во притвор, првообвинетиот Зоран Верушевски и второобвинетиот функционер во МВР Ѓорѓи Лазаревски.

Но, тие немаа против рочиштето да се закаже дури во септември. Инаку, судијката констатираше и дека Заев досега три пати не се појавил во струмичкиот суд како дел од неговата обврска и за тоа немал оправдување.
Пред скопскиот кривичен суд се појавија и неколкумина поддржувачи на Заев кои носеа транспарент со неговиот лик.

Слични содржини