Авторот ги продал своите права на содржината на “ Ендевор”, објави Холивуд Репортер. Точниот износ на договорот не е споменат, но се знае дека е милиони долари.

Потсетуваме американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека книгата е полна со лаги и дури се обиде да го запре нејзиното издавање, но така само  се забрза нејзиниот рејтинг на пазарот.

 Волф ќе биде извршен продуцент на проектот заедно со Мајкл Џексон, кој работел за BBC и Channel 4.

Веќе во првите неколку дена по неговото пуштање на почетокот на овој месец, книгата стана бестселер . Во првата недела издавачите објавија дека нарачките за компанијата достигнале 1,4 милиони. “Оган и бес” беше на насловна на “Њујорк тајмс”.

Книгата на Трамп – 336 страници експлозив

“Оган и бес” се искачи од 48-тата 449-та до првата позиција …

Правата за книгата се купени од издавачи во 32 земји, претстои да биде издадена и кај нас . Освен на бугарски таа ќе биде преведен на француски, германски, шпански, арапски, јапонски, португалски, албански, и други јазици.