Серена Вилијамс објави дека е бремена

од Vladimir Zorba

Серена Вилијамс го очекува своето прво дете и сама ја сподели радосната вест.

Тенисерката објави своја слика во личниот профил во Snapchat, на која позира во едноделен костим за капење.

Од рамката јасно се гледа дека Серена е бремена и веќе дури има оформено стомак.

Според насловот на сликата, тенисерката веќе е во 20-тата недела од бременоста.

Серена доби прстен од еден од основачите на Reddit, Алексис Оханјан во декември.

Шпекулациите родија гласини дека ѕвездата, која е добитничка на 23 титули од Гренд слем, била бремена за време на одржаното во месец јануари отворено првенство на Австралија во тенис, каде што освои уште една титула.

Слични содржини