Шефицата на Скотланд Јард призна дека е лезбејка и има сериозна девојка

од Vladimir Zorba

Новоназначената директорката на Скотланд Јард објави отворено дека има врска со своја колешка, пишува “Дејли мејл”.

56-годишната Кресида Дик изјави: “Длабоко сум убедена дека органите на редот се должни да ги достават сите информации на општеството, на кои всушност им служат”, коментира таа.

Кресида Дик е и првата дама, која застаната на чело на полицијата во Велика Британија. “Најсилната институција во земјата треба да има доверба каја сите во земјата”, коментира таа.

Во интервјуто дадено за медиумите, таа признава дека е “малку поинаква” од некои свои колеги, но еминато е времето во кое припадниците на полицијата треба задолжително да одговараат на стереотипот на „мачомените„. Мис Дик открива уште дека има сериозна девојка, која исто така работи во Скотланд Јард.

Девојката Хелен е инспекторка, која раководи тим на територијата на лондонско предградие. Новата директорката на полицијата веднаш се разликува од претходникот Бернард Хоугн-Хауи. Таа се откажа од џип “Рејнџ Ровер” вреден 80 илјади евра.

Освен тоа самата предложи платата да и биде намалена за 50 илјади евра. Кресида Дик најави дека ќе се бори за ограничување на нивоата на насилство, меѓу кои злосторства со огнено и ладно оружје, како и за ажурирање на техничкиот потенцијал предводен од неа структура.

Слични содржини