„Скопскиот кривичен суд во судница ги чува доказите на СЈО!“

од Vladimir Zorba

Општо е познато дека голем број на судии од Основниот суд Скопје 1-Скопје има крајно негативен однос кон Специјалното јавно обвнителството (СЈО), но дека доказите кои што му беа доставени на судот треба да се чуваат по судници и надвор од пропишаните норми е врв на безобразието на Стојанче Рибарев и на неговите најблиски соработници, пишува порталот Судство.

Како што може да се забележи на нашата фотографија, во Судницата број „1“ денеска имаше судење кое нема никаква врска со предметите на СЈО, но затоа, пак, нивните докази, складирани во картонски кутии, се оставени на столчињата предвидени за публиката.

Слични содржини