Со потписите на Борисов и на Заев Бугарија и Македонија веќе се пријатели- а за Илинден сакаме да славиме а не да се бориме!

од Vladimir Zorba

Можевме и да не го потпишеме ама зарем не е прекрасен насловот добрососедство !  Нам ни е важно дека тоа го направивме без посредници. Граѓаните на нашите две земји имаат потреба од овој пријателски договор.

Премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски  колега Бојко Борисов   потпишаа историски  Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Бугарија и Република Македонија, во просториите на новата македонска Влада во Скопје.

Договорот е заеднички успех за Бугарија, Македонија и Европа

“Потпишувањето на договорот за пријателство покажува дека таму каде што има политичка волја, прашањата ќе се решат. Бугарија и Македонија направија историската чекор напред заедно “. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со Бојко Борисов по потпишувањето на историскиот  документ.

“Овој договор е заеднички успех и заеднички придонес за стабилноста на земјите во регионот. Овој договор е пример за соработка во регионот. Видовме во владата на Бугарија конструктивен партнер “, рече Заев. Тој ја истакна важноста на економската соработка и поконкретно во областа на транспортната и гасна конекција.

Заев изјави дека сигналот кој се праќа со денешниот чин до соседите и светот, е дека Бугарија и Македонија ќе соработуваат. “Граѓаните на нашите две земји имаат потреба од тоа пријателство. Со овој договор ќе се отворат перспективите за билатералната соработка. Република Македонија е дел од Европа. Македонија и Бугарија покажуваме како од добри пријатели стануваме уште добри пријатели “, рече македонскиот премиер.

Тој е категоричен дека Република Македонија нема друга алтернатива освен членство во НАТО и Европската унија.

Мирот, пријателството и добрососедството се поважни од сè друго, изјави премиерот Бојко Борисов. Двата меморандума се исклучително важни и за вас, и за нас, бидејќи транспортниот Коридор №8 е линкот кој го приклучува целиот Балкан. Овој транспортен коридор овозможува на секоја земја од Балканот да тргува, да прави бизнис и туризам со секоја од другите, истакна Борисов.

Тој обрна посебно внимание на гасниот договор, кој доби можностите и од ЕК да  се зема руски гас, и кој според зборовите на Борисов ќе и  овозможи на Македонија да купува гас од европскиот гасен центар директно, а Бугарија ќе го транспортира.

Бугарскиот премиер изјави дека потпишаниот денес договор има смисла, бидејќи и  покажува на ЕУ дека  денеска од Скопје во проблематичниот  Балкан, каде што само пред 20 години се лееше крв, мирот, пријателството и добрососедството се поважни од сè друго. Нам ни е драго што се ова го направивме без никакви посредници туку само со упорноста на владата на Зоран Заев.

Според Борисов реакцијата на ЕУ ќе биде исклучително позитивна. Дали сме сметка дека тоа ќе остави младите на Балканот. Ова ќе ни направи силни, независни и значајни.

Јас сум убеден дека по 10 години резултатите од денешната средба ќе бидат истакнати и за двете држави, изјави Бојко Борисов.

Тој истакна дека договорот не е насочен против ниту една од нашите соседи и праќа пораки за мир, пријателство, просперитет, апсорпција на европските фондови за инфраструктурата.

Запрашан зошто двете страни заедно ќе  го слават Илинден, Борисов експересно изјави , бидејќи сакаме да славиме, зарем да се тепаме рече Борисов бориме. Тој потсети дека ние на Балканот многу пати сме го правеле и сите се сметаме за големи, де Велика Србија, па Бугарија, па Македонија и од сето тоа ни сипаднавме само сиромашни. Ние сакаме да сме као европејците, и  ние не сакаме да се бориме, туку  да одиме напред, истакна Борисов.

Брисел со честитка

Европската комисија го поздрави потпишувањето на билатералниот договор за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Република Македонија. Ова се вели во заедничката изјава на министерот за надворешни работи на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан.

Со овој договор двете страни покажале подготвеност да ги решат билатералните проблеми. Неговото склучување е пример за сите останати балкански држави.

Договорот е позитивен чекор напред во добрососедските односи и ја зголемува европската перспектива на Македонија, што е во интерес на македонските граѓани, се вели во заедничката изјава на двајцата високи европски претставници. Секој долг пат започнува со една мал чекор, потпишаниот договор е почеток

Овој долго одложуван  договор кој би требало да стави нов почеток во односите меѓу Софија и Скопје, во голема мера се заснова на потпишаната на 22 февруари 1999 година од страна на премиерите на двете земји заедничка декларација.

Само што оради неподготвеност и од двете страни односите беа   замрзнувати, а дијалогот меѓу Бугарија и Македонија беше полн со празни зборови. Од денес, сепак, работите тргнуваат  во друга насока.

Овој договор е заеднички успех и заеднички придонес за стабилноста на земјите во регионот, рече Заев.  Ние не го почнавме се ова, но го заокруживе и ја повикуваме и опозицијата да се приклучи на овој договор порача Зaев. Ние само покажавме као само од една закочеан сотојба можеме да бидем мотор на иднината.

Борисов на прашањето за несогласувањето на ВМРО ДПМНЕ и надруги структури од Бугарија рече само дека тоа е ддемократијата денеска , сите не мора дас е согласуваат и да мислат исто на во наедниот пресиод ќе се покаже кој бил во право.

За да почнеме да работиме како две соседни земји кои имаат нормални односи едни со други, прво  треба да  се заборави јазикот на омразата . За безбедноста и економскиот развој на Балканот е потребно Македонија да стане членка на Северноатлантскиот пакт и да добие јасна и употреблива перспектива за пристапување кон Европската унија. Тоа е забележано уште во чл. 2 од потпишаниот договор –

“Двете Договорните страни ќе развиваат соработката во областа на европската и евроатлантската интеграција, насочено кон успешната подготовка на Република Македонија за пристапување кон Европската унија и НАТО”. Овој пат не е лесен, но како во изреката “секој долг пат започнува со една мал чекор” потпишаниот договор е почеток.

Секако, Бугарија ќе го сподели своето искуство, достигнувања и грешки со Скопје, за да успее Македонија да ги исполни потребните критериуми за членство во ЕУ и да добие покана за НАТО. Всушност еден од најважните моменти во Договорот е во чл. 7, според кој двете земји “ќе развиваат и усовршуваат сообраќаjните врски и комуникации меѓу нив, вклучително и во рамките на регионалните инфраструктурни проекти”.

” Во доцните попладневни часови Бојко Борисов ќе има редба  и со претседателот на Македонија Ѓорге Иванов. Потоа е предвидено да се види и со човекот кој  ја управуваше Македонија  и реално го кочеше овој договор во полседните  10 година и на кого државата му должи ситуацијата во која се наоѓа – Никола Груевски. 

Утре на ден Илинден се очекува двајцата премиери дас е поклонот на гробот на Гоце Делчев, човекот чии зборови се слават и во двете држави, кој е национален херој и во Бугарија и во Македонија. А неговата порака е „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите !

 

Слични содржини