Директорката на Фондот за здравстевно осигурување, Маја Парнаџиева Змејкова,  поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, лични, човечки причини.

MY

– Човек сум што сум воспитан да помогам на другите, а не сум ладен бирократ. Денес објавувам дека од човечки причини решив да се повлечам од функцијата директор на ФЗОМ – рече таа.

Парнаџиева објасни дека сите процедури за случајот на малата Тамара биле испочитувани во врска со работата на Фондот за здравство, а рече дека само чекала да стаса и обдукцискиот наод, па да ја соопшти својата одлука.

Наколку часа по оставката на парнарџиева, оставка поднесе и вториот директор Џемали Мехази.

fzo dir

Во своето обраќање Мехази образложи дека оставката ја дава како морална одговорност во врска со смртта на Тамара Димовска.

Оставката на Мехази доаѓа неколку часа откако од функцијата се повлече и директорката Змејкова.

На денешните протести се бараше и оставка на Тодоров, а тоа лично низ солзи го побара и мајката на прерано починатата Тамара.

Доколку Тодоров не поднесеш оставка, ќе се вратиме во уште поголем број. Нема да ти помине, не се надевај дека ќе те оставиме и заборавиме, порачаа демонстрантите од пред Министерството за здравство. Организаторите на протестот најавија дека ќе има нов масовен протест, доколку минстерот не си ја преземе одговорноста.

Демонстрантите добиваа поддршка по целата траса додека маршираа од сите граѓани, а многу од нив се приклучија на колоната до Министерството за здравство.

Слични содржини