Времето  во Македонија ќе биде сончево, наутро со ниски температури, а преку денот со слаб југоисточен ветер.  Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од пет до 12 степени.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде минус пет, а дневната ќе достигне 10 степени. За време на викендот ќе се задржи сончево време со ниски утрински температури.

F01FEC68A2DE6B49ADBC576C26E920B2

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:

55 Маврови Анови, 29 Крушево, 5 Пожаране.

(вчера во 16:00 Лазарополе 39 см.)

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:

-9 Маврово, -8 Берово, -7 Скопје Пет., -5 Битола, Тетово, Куманово, Д. Капија, -4 Прилеп, Кр. Паланка, Штип, Претор, Гевгелија, Дебар, Струмица, -3 Скопје, Крушево, Охрид, -2 Пожаране, Виница, 0 Дојран.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА:

Сончево и студено, понекаде со слаб северен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС:

Сончево со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје:

Сончево со слаб северозападен ветер и дневен максимум околу 10 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

За време на викендот ќе се задржи сончево време со ниски утрински температури. Во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон вторник ќе има услови за провејување на краткотраен снег. Од среда повторно ќе биде претежно сончево.

 

 

 

 

 

 

Слични содржини