Според препораките на Прибе или што прво ќе се реформира ?

од Vladimir Zorba

 Според препораките на Прибе  најнеопходни се ред во  следење на комуникациите, судството и обвинителството, надворешниот надзор од независни тела, изборите и медиумите

Две години по објавувањето на извештајот на Рајнхард Прибе, германскиот експерт на крајот од месецов повторно ќе дојде во Македонија со својата експертска група да ѝ помогне на новата влада да ги имплементира итните реформски приоритети кои што произлегоа од неговиот извештај , анализира СДК. Реформите во петте клучни области според препораките на Прибе   – следење на комуникациите, судството и обвинителството, надворешниот надзор од независни тела, изборите и медиумите изостанаа и тоа беше забележано во последните два извештаи на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Кои беа препораките освен Изборната проблематика :

МЕДИУМИ– Сите медиуми мора да бидат ослободени од секаков политички притисок без мешање и закани, треба да се дистанцираат од партиските политики и не треба да бидат во служба на политичарите и на политичките партии.
– Јавниот национален сервис треба да настојува/да вложува напори да биде комплетно непристрасен и независен од политички, комерцијални и од други влијанија и идеологии. Новинарските работни услови треба да бидат унапредени/подобрени/поправени, за да се намали самоцензурата…

  СУДСТВО И ОБВИНИТЕЛСТВО – Судската и јавнообвинителската служба треба да бидат способни да постапуваат на независен и непристрасен начин (на тој начин да се избегне оставање впечаток, оправдан или не, за постапување со случаите на селективен и небалансиран начин)…
– Во судската постапка не смее да постои нешто како “политички случај”. Со сите случаи кои се во судска постапка мора да се постапи на ист начин ефикасно, независно и непристрасно…   

СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ – На Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) треба да ѝ се одземе посредничката улога, со цел да нема нејзино мешање во независноста на другите надлежни органи кога се работи за следење на комуникациите (полиција, Царинска управа и финансиска полиција)….

 

Целиот текст ТУКА

Слични содржини