Не, ова не е провоаприлска шега, почнува нов серијал на средношколски протести .Маршевите се закажуваат во  сете градови нез земјава.Ќе се стартува со 1-ви април, Средношколски Пленум на марш во Скопје, ден потоа, ќе се маршира и во Тетово.

timthumb (31)

“Драги соученици,студенти, професори, родители, граѓани, сите вие кои сте загрижени за правецот во кој се движи средното образование, придружете ни се на вториот средношколски марш во среда, 1 април, да покажеме дека цврсто стоиме зад нашите ставови и не се откажуваме од нашите барања, враќање на стариот концепт на државна матура и укинување на екстерното тестирање.

МОН во текот на изминатата недела се обиде да ги изманипулира средношколците дека ќе има средба со нивните претставници. Срамно е како министерот и неговите соработници цела недела се кријат иако ги баравме под дрво и под камен да ја договориме средбата која тие ни ја ветија на првиот марш.

Нашиот марш во среда нема да покаже страв од учење туку жед за знаење. За она вистинско знаење што секој од нас го заслужува. Заедно да и покажеме на оваа земја дека интелектуалната младина е оформена и независна. Нашиот дух е непокорлив, а нашиот став непоколеблив!

Собирот ќе започне во 12 часот пред Собранието на Република Македонија, а маршот ќе заврши пред МОН” се вели во повикот за скопскиот марш закажан за 1-ви април.

stop-za-losite-reformi-1

Ден потоа, за кога е и закажан тетовскиот марш се вели:

„Средношколскиот Пленум ве повикува на Втор средношколски марш во Тетово на 02 април (четврток), во 12:15 пред Центарот за Култура „Иљо Антески – Смок“ – Тетово, на кој ќе го изразиме нашето незадоволство од лошите реформи во средното образование, од екстерното тестирање и од измените за државната матура.

Овој марш е наднационален, надетнички, надрелигиски, непартиски. Апелираме да биде мирен, без говор на омраза, насилство и истакнување на национални и партиски симболи.

Собирно место е на платото на Културниот дом, во 12:15 часот. Ќе маршираме по булеварот Маршал Тито, преку ул. Јане Сандански, преку Илинденска, сè до Работничкиот Универзитет, каде што се наоѓаат канцелариите на Министерството за образование и наука (МОН), Бирото за развој на образование (БРО) и Просветниот инспекторат.

По втор пат, да кажеме „НЕ“ на лошите реформи во образованието кои од нас направија експериментални глувци. Имаме став, немаме страв!

Приклучи се! Имај подобро и поквалитетно образование!”

Од Средношколскиот пленум велат дека незадоволството на учениците е уште поголемо  поради фактот што на средношколците не им се дава  можност да го аргументираат својот став во врска со реформите воведени во средното образование и покрај тоа што пред десетина дена илјадници средношколци до ресорното министерство доставија конкретни барања, кои велат  се темелат на реалните  проблеми од кои тие се директно најзасегнати.

Иако претставници од Средношколскиот пленум  четири дена се обидуваа да стапат во контакт со министерот, тоа беше неуспешно.Поради тоа, Средношколскиот пленум  организира  втор марш кој ќе се оддржи во  Среда на 01.04.2015 година, со почетно место пред Собранието на Република Македонија. Пленумот инсистира да биде слушнат од страна на надлежните и да се сфати сериозноста од последиците на брзо воведените и лошо испланираните реформи на Министерството за образование и наука. После маршот во Скопје, министерот за образование Абдулаќим Адеми излезе во јавност, давајќи изјава: “Очекувам ова недела да успееме да усогласиме термин за средба. Да им објасниме кои се предностите  доколку успеат да полагаат  државна матура . Тоа е во полза на матурантите да се запишат понатаму на факултет, на универзитет во светот…..”Тој исто така изјави дека ќе се потруди да им објасни на учениците за предноста која ќе ја имаат со полагањето  на математика како задолжителен предмет на државната матура. Уверува дека се работи за математика, основно ниво. Но средбата ниту се договори, ниту се оствари”- велат од Средношколскиот пленум.

Покрај најмасовниот протестен марш кој пред  десетина дена се одржа во Скопје и на кој според  Средношколскиот пленум  присуствувале околу 3500 ученици,  маршеви беа организирани и во другите градови во земјава меѓу кои Штип, Битола, Крушево, Кичево, Тетово,Неготино, Кавадарци,Струмица, Дебар, Охрид, Струга, Велес…..

Продожуваме со борбата за нашите барања се до исполнување,  ветуваат од средношколскиот пленум.

Слични содржини