среднос
Средношколскиот Пленум на Тетово денеска во просториите на подрачната служба на Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат поднесе групен приговор за есктерното тестирање. Уште едно „НЕ” за лошите реформи во образованието.

Претставници на СП Тетово, денеска поднесоа групен приговор за пропустите, нелогичностите, апсурдите и грешките во екстерното тестирање до МОН и ДПИ во Тетово, од каде беше посочено дека приговорот ќе биде разгледан и за кој ќе го информираат министерството.

СП Тетово ја поздравува вчерашната средба со локалната самоуправа на кои беа разгледани техничките пропусти од екстерното тестирање, а до која исто така беше поднесен приговор.

Од Пленумот денеска повторно беше посочено дека тестирањето како бинго тест на среќа не може реално да го оцени вистинското знаење, а особено не тестирање на кое фалат понудени одговори, прашањата немаат точни одговори, прашања на македонски и одговори на албански и др.

Слични содржини