Вработени во Ректорат и ректорот Велимир Стојковски утрово ги дочека блокиран влез од страна на студенти, кои го бојкотираат изборот за нов ректор на УКИМ, закажан за 10 часот, јави Радио МОФ.
IMG_20160627_081427-768x432

Студентите велат дека се одлучни и нема да заминат се додека нивниот глас не биде слушнат.

Денеска ќе се знае кој ќе победи во трката за нов ректор, помеѓу екс министерот за образование и професор Ненад Новковски и актуелниот декан на Медицинскиот факултет Никола Јанкуловски.IMG_20160627_081116-768x432

На изборот, право на глас имаат десет студентски претставници, за кои Студентски пленум вели дека се нелигитимни./Радио МОФ