Стоп Сорос – дали власта креира имагинарни непријатели?

од Vladimir Zorba

Oтворената борба против невладиниот сектор преку формирање на граѓанската иницијатива Стоп Операција Сорос е обид за дефокус од актуелните политички случувања кои се однесуваат на кривичната правда, односно на постапките кои се водат против екс премиерот Груевски и другите високи членови на ВМРО-ДПМНЕ. Не изненадува ваквото создавање на паралелни движења, бидејќи се работи за позната повеќегодишна пракса за имагинарни невладини организации кои што постојат само за одредени потреби на власта- вели за Фактор, Уранија Пировска- извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

uranija_pirovska[1]

“Не не изненадува ваквото создавање на паралелни движења, не би ги нарекла невладини организации бидејќи не може да се наречат како такви. Станува збор за востановена пракса. Од секогаш биле користени државните ресурси за да се напаѓаат опонентите на власта, критичарите и сите слободоумни граѓани. Таков беше процесот на лустрацијата. Да не заборавиме дека ги слушнавме прислушуваните материјали и дознавме како се реализирале изборите, како биле користени министерствата повторно за интереси на партијата на власт. Истото се случува и сега со формирање на ова движење, во услови кога имаме ситуација каде изборите покажаа дека големо мнозинство од граѓаните покажаа дека не сакаат со земјава да владее коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДИУ. Да не заборавиме дека на високи партиски функционери им се закануваат кривични санкции, започнати се постапки пред СЈО”-потенцира Пировска.

Власта преку новоформираното движење вели креира имагинарни непријатели, па оттука движењето ќе треба да прикаже и презентира што ќе биде јавниот интерес кој ќе го штити со своите активности или за кое што ќе придонесува.

“ВМРО-ДПМНЕ има повеќегодишна практика да создава движења или имагинарни невладини организации коишто постојат само за одредени услови и потреби на владејачките партии. ГДОМ беше така формирана. Тие да потсетиме пред изборите дистрибуираа флаер во кој ние бевме наведени како платеници на СОРОС за Шарената револуција, предавници кои работат на уривање на земјава и сл. Борбата против СОРОС е нормално за создавање на имагинарни непријатели и дефокус од другите работи кои се случуваат, а се однесуваат на кривичната правда, односно на постапките кои се водат против високи членови на ВМРО-ДПМНE”- вели директорката на Хелсиншкиот комитет.

Според Пировска, ова е само начин да се деградира и оцрни работата на автентичниот невладин сектор кој во услови кога нема функционирање на институциите, ниту одвојување на партијата од државата се обидува да придонесе за враќање на демократијата.

Слични содржини