Според првичниот увид на лице место извршен од јавен обвинител и полициски екипи, на телото на 44-годишниот воен разузнавач Горан Софески немало траги на насилство, велат од СВР Охрид.

goran

Стефан Димовски, портпаролот на СВР Охрид за Телма соопшти дека јавното обвинителство по првичното размислување да побара обдукција одлучило да не бара таква постапка бидејќи очигледно било дека станува збор за приородна смрт без знаци на насилство.

Пронајден мртов Горан Софески, поранешен шеф на военото разузнување

Софески последен пати бил виден синоќа, кога излегол од дома на спортски лов и не се вратил. Утринава, околу 7.00 часот, бил пронајден мртов од страна на случаен минувач.

Горан Софески е поранешен шеф на военото разузнување, а неодамна бил прераспореден во Куманово во касарната на АРМ.
Според МВР синоќа, околу 17 часот, Софески бил пријавен за исчезнат во полициската станица во Кичево од страна на неговиот татко.

44- годишниот Горан Софески беше и обезбедување на актуелната министерка за труд и социјала, Фросина Ременски, за време на протестите пред Владата. Беше критички настроен кон власта, а ја откри и аферата за шверцот со армиско оружје.

Слични содржини