“Тајмс”: Голема закана ги демне сите кои живеат во Велика Британија

од Vladimir Zorba

23 000 џихадисти престојуваат на Островот

23 000 се исламските екстремисти кои живеат во Велика Британија, покажуваат податоците на разузнавањето, цитирани во денешниот број на весникот “Тајмс”.

Околу 3.000 од потенцијалните терористи се сметаат за директна закана за безбедноста на Велика Британија и против нив се водат истраги во рамките на 500 операции.

Останатите 20 000 се во категоријата “преостанат ризик”, наведуваат извори на весникот.

Тајни служби на Островот однесоа сериозни критики по крвавиот напад во Манчестер, во кој Британец од либиски потекло се саморазнесе  во концертна сала и уби над 20 лица.

Во последните денови стана јасно дека Салман Абеди бил “оперативно интересно лице од претходен период” и службите престанале  да ги следат неговите активности  Со таквиот статус се покажа и сторителот на претходниот напад во Велика Британија – Халид Масуд, кој уби пет лица во близина на Вестминстер.

Слични содржини