Тешка сообраќајна несреќа во струшко

од Vladimir Zorba

Една жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа во која учествувале три возила. Сообраќајката се случа вчера на крстосницата со магистралниот пат А2 и патот кон селото Мислешево.

Според полицијата во несреќата учествувале „Цитроен“  со охридски регистерски ознаки управуван од 75- годишен К.Ч од Лескоец, „Пежо“ со охридски таблички управувано од М.Е. (56) од Ресен и „Јагуар“ со струшки таблички кој го возел 45 годишниот М.Ѓ. од струшко Лабуништа.

Со тешки повреди, скршеница на левата рака, се здобила сопатничката од Пежото, 48 годишната Н.Е. од Германија на која и е укажана лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

Слични содржини