Типични грешки за време на секс

од desk2

Нема човек кој не згрил. Секој од време на време прави глупости и постапува како што не треба. Ова се однесува на многу сфери од животот, вклучувајќи ја и интимната сфера. Во љубовните дела многу припаднички на послабиот пол периодично прават пропусти, но ако некои од нив се целосно безопасни, други можат да доведат дотаму што мажот ќе се замисли дали да ги продолжи односите. Ако некои грешки во сексот се случуваат често, јасно е каков ќе биде резултатот.

Споредба со поранешните
Нема маж на кој не му се допаѓа да го фалат по страсен секс. Секако дека ова го прави мажот да е задоволен од себе, но тој во никој случај не смее да биде споредуван со другите. Жената која ги споредува актуелниот со поранешниот партнер прави голема глупост. Тоа не е дозволиво, дури и ако е пофалба. Самиот факт дека партнерката мисли на претходниот партнер, а уште повеќе и на неговите сексуални способности, мног ги нервира сите мажи без исклучоци.

И за сексот треба погоден момент
Иако повеќето прекрасни дами се целосно уверени дека мажите се подготвени за секс секогаш и насекаде, сепак тоа е заблуда. Има неколку ситуации кога посилниот пол не само што не мислат на секс, туку може и да ја одбијат партнерката, ако таа му се понуди. Таквите ситуација се проблеми со работата, со здравјето, со автомобилот и така натаму. Во такви моменти во мозокот на мажот тешко се наоѓа место за љубовни игри. Несоодветно е да се бара секс и за време на фудбалски натпревар. Во таков случај поразумно е едноставно да се чека последниот судиски сигнал, а ако пак омилениот тим победил, сексот ќе биде за памтење.

Неактивност под чаршавите
На ниту еден нормален човек во светот нема да му се допадне пасивност од страна на “партнерот”. Треба добро да се разбере што е доминација на мажот и што е апсолутно пропуст од страна на жената, кога таа во суштина не се разликува од ќутук. Во првиот случај уживањето на мажот е да ја надвладее својата дама, а во вториот ќе почувствува силна навреда и физичка исцрпеност, што не е особено пријатно.

Премногу зборување
За време на половиот акт сите разговори се излишни освен „мрсни“ фрази и узречици и фрази – во зависност од изборот на партнерите. Што се однесува до прашањата од типот “Дали ме сакаш?” или “Добро ли ти е?”, ш тие се целосно несоодветни. За време на секс се ужива, се испуштаат возгишки, се вика, но миабетите – подоцна. Во сексот сепак разумот треба да отстапи пред инстинктите. Значи, кој сака целосно да се наслади од физичката близина на партнерот, „гугањето“ нека го остави за подоцна.

Слични содржини