Илјадници мигранти се обидуваат да преживеат во студената зима во центарот на Белград. Тие се блокирани во соседна Србија, бидејќи т.н. балкански пат кон Западна Европа е затворен.

Централната станица во српската престолнина е буквално преземена од премрзнувати, изгладнети мигранти. Тие се обидуваат да се стоплат со палење  огнови од палети и  со што ќе најдат.

Стотици мигранти чекаат за храна при ниски температури во стариот магацин на железничката станица. Волонтери  им делат само по еден оброк на ден на раселените луѓе кои се населиле во регионот,пренесуваат медиумите.

Околу 1.000 мигранти, главно од Авганистан и Пакистан, живеат по напуштените складови зад станицата.

Џавед од Авганистан споделува: “Немаме што да облечеме немаме ќебиња, немаме подобро место за спиење, немаме бања, немаме ништо”.

Во моментов на територијата на Србија има околу 8.000 мигранти, кои не можат да го  продолжат патот кон Европа .  Само во Белград нивниот број е околу 2.000.

Очекувањата ПОДАТОЦИ Во Блиц!