Трамп: ИД пропаѓа мошне брзо

од Vladimir Zorba

  Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави за време на денешната посета на Пентагон, каде се одржа состанок за воената стратегија, дека Исламска држава пропаѓа мошне брзо.

– Добро ни оди против ИСИС. ИСИС пропаѓа брзо, мошне брзо, рече Трамп.

Коментарот на Трамп доаѓа по првите шест месеци на претседателската функција, пред кои за време на предизборната кампања се закануваше дека брзо ќе ја порази ИД.

Слични содржини