„Тревник“, „Траекторија“ и „Талир“, нови истраги на СЈО

од Vladimir Zorba

Нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, при што постои сомнеж дека биле злоупотребени 4,9 милиони евра од лидерот и потписниците на партијата

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска на прес-конференција најави дека станува збор за финансиски истраги и оти две се за незаконитости во постапка на градење.

Истрагите „Траекторија“ и „Тревник“, кои ги денеска ги отвори СЈО се однесуваат на незаконитости во пропишана постапка за градење,  на три лица  кои граделе во Зленениково .

Истрагата „Талир“ е истрага против нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, при што постои сомнеж дека биле злоупотребени 4,9 милиони евра, од лидерот и потписниците на партијата. Обвинителката Фатиме Фетаи истакна дека парите биле злоупотребени во периодот од 2009 до 2015 година, а во него се осомничени 14 лица.

Од СЈО известија дека засега нема да бидат побарани мерки за обезбедување на осомничените односно притвор, но рекоа дека уште денеска ќе побараат замрзнување на дел од имотот на партијата, меѓу кои и на зградата во која е штабот на ВМРО-ДПМНЕ. До колку се заблежат притисоци и сомнителни однесување не е исклучено и  за осомничените да биде побарано притвор.

Спред истргата дневно као наводни донации с еуплаќеле и десетици илјади евра од исто лице од ист потис и транасакциите се одвивале за дваесетина секуди во позната банка.

На почетокот на прес-конференцијата, Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, побара продолжување на периодот во кој Специјалното јавно обвинителство ќе може да отвара истраги и да покренува обвиненија.

Воедно, таа побара да се усвојат и измени на Законот за заштитени сведоци, што, според неа, значително ќе влијае врз работата на СЈО во позитивна насока.

Јанева побара од новото парламентарно мнозинство да се укине членот 22 од Законот за специјалното јавно обвинителство со што би се продолжила работата на ова обвинителство.

Рече дека 55 проценти од прислушуваните разговори кои ги поседуваат сега не се разгледуваат и оти работат на случаи отворени врз основа на веќе обработените податоци.

– Ова јавно обвинителство ќе продолжи со работа се додека не се истражат овие разговори што ги поседуваме, а со цел да го исполниме мандатот за кој постоиме, рече Јанева.

Слични содржини