Црна Гора побара помош од ЕУ за справување со пожарите

од desk2

Црна Гора побара меѓународна помош во борбата против шумските пожари на Јадранскиот брег кои принудија стотици туристи да бидат евакуирани од камповите.

„Ситуацијата е критична. Министерството за внатрешни работи побара од Европската унија да го активира механизмот за цивилна заштита во справувањето со оганот“, се наведува во соопштението на црногорската влада.

Локалните власти на Котор, Тиват и Херцег Нови побараа од владата да им се обрати на соседните земји, Хрватска, Босна и Србија да испратат авиони за гаснење на пожарите.

Огнената стихија се шири поради силниот ветер и топлото време. Шумски пожари се шират и во близина на хрватскиот град Сплит.

Слични содржини