Тунтев: Власта почна постапка за отповикување на Николовски

од Vladimir Zorba
Александар Николовски ги пакува куферите за Брисел и се поздрави со бившите колеги во Собранието од неговата партија, влaста тврди попусто екс пратеникот се подготвува, тој нема да биде фаворитот на Владата за нов амбасадор во ЕУ, а неговото заминување ќе се стопира, информира ТВ24.
Токму поради ова од пратеничката група на СДСМ денеска велат не дошле на комисијата на која Николовски ги бранеше тезите. Дополнително велат за неа немало ниту кворум
„Денеска во владата започна постапка за разрешување на амбасадорот во Брисел и со самото тоа, одржувањето на оваа комисија стана беспредметно и сега претседателот на комисијата ја одржува без кворум и мнозинство на пратеници“, изјави Томислав Тунтен, координатор на ПГ на СДСМ.
Од друга страна од опозицијата велат дека денешното претставување на тезите на Николовски е чиста формалност, тој веќе ги одбранил позициите во МНР и добил агремани од сите 28 членки на ЕУ.
Велат немаат информација дека Владата ќе го стопира неговото заминување, но ако се случи тоа ќе биде невиден дипломатски скандал.
Николовски денеска ги претстави тезите, Милошоски без да усвои дневен ред го стави на гласање, порача дека функцијата амбасадор во Брисел е од исклучително значење.
„Ова е важна конференција каде Македонија треба да биде претставена со консензуално, а тоа претставување значи дека амбасадорот, сегашен, претходен и иден, ќе треба да го запази приоритетот на сите политички партии во македонското Собрание“, – изјави Антонијо Милошоски.

Николовски пак ги престави приоритетите, членство во ЕУ и НАТО и информирање на земјите членки за блокадата до Грција,

 „Од  страна на Македонија потребна е целосна посветеност на евроинтегративниот процес и поддршка на сите политички актери на овој процес на кој треба да се гледа како на почеток на една стратешка соработка за државата Затоа е потребна мобилизација на сите ресурси.“  вели Александар Николовски
Извори од опозицијата очекувата шефот на државата уште вечера да го потпише указот, а откако одлуката ќе излезе во Службен весник Николовски и официјално ќе замине за Брисел. Од Власта тврдат доколку се случи тоа ќе биде незаконски, а Николовски ќе биде отповикан./ТВ24

Слични содржини