УХМР: Попладнево и утре локални поројни дождови и грмежи

од Vladimir Zorba

Следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, при што денеска и утре услови за нестабилност ќе има претежно во планинските подрачја, додека в петок и в недела нестабилно ќе биде на повеќе места, особено на северот и истокот од земјава, предупредува Управата за хидро-метеоролошки работи.

В сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе осетно спуштање на дневната температура. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран, врнежи од дожд се очекуваат насекаде низ земјава.

Слични содржини