Лидерите на четирите партии вечерва ќе се обидат уште еднаш да седнат со меѓународните медијатори и да пробаат да го спасат договорот од Пржино, откако пред два дена преговорите за Законот за влада едноставно го пропаднаа со пробивањето на роковите за клучните измени.

лидери

Средбата е закажана за доцните часови вечерва  веднаш по , Свечена академија по повод празникот „23 Октомври“на која ќе има обраќање на лидерот на и премиер Никола Груевски.

Меѓународната јавност  ЕУ, САД и експертската јавност упатија сериозни предупредувања до Власта и лидерите , дека   Македонија се движи на тенката линија на пропаста и дека мора да се преговара, тоа е еднинствениот излез, а останатото е санкции, изолација и блокада на државата.

Претходниот ден, и евро-комесарот Јоханес Хан објави дека 12 часовните разговори завршиле неуспешно. Главната сопка за политичкиот процес беше Законот за Влада, кој треба да ги регулира ингеренциите на министрите од СДСМ и на дополнителните заменици министри.

Нема решение за дејствувањето на спец обвинителката Катица Јанева,  не е најдено решение за законот за „бомбите“, со кој паралелно ќе оди и закон за „свиркачи“. Не се завршени ниту преговорите за Анкетната комисија за прислушувањето, како и реформата на медиумите и на судството. Усогласен е Изборниот законик, но опозицијата ја условува својата согласност со избор на комплетниот тим на специјалната обвинителка.

 

Слични содржини