114
Актерката и бизнис дама Џесика Алба изјави дека таа и нејзиниот сопруг Кеш Ворен се во очекување на своето трето дете.
Среќната вест убавицата ја објави својот профил на “Инстаграм” профил, на кој таа објави видео, вклучувајќи ги и двете ќерки 9-годишната Онр и 5-годишната Хејвн.
На него се гледа и веќе заоблениот стомак на Џесика. Џесика и Кеш се едно од најстабилните холивудски семејства.
Двајцата се запознале пред 10 години на снимањето на филмот “Фантастиката четворка и сребрени сурфер”, каде Кеш е главен продуцент. Во декември 2007 година вљубените официјално објвија дека се свршени, а во мај 2009 година двајцата се венчаа.