(ВИДЕО) Фетаи: Судијата направил интелектуален фалсификат, ќе поднесеме постапка за таквото поведение

од desk2

Во делот на јавноста, судијата направил интелектуален фалсификат и дел од новинарите кои беа присутни на претходното рочиште се сведоци на тоа дека кога јас како застапник на обвинението и одбраната се произнесувавме во однос на употребливоста на незаконски следените разговори како докази, јавноста беше исклучена, а откако се вративте судијата прочита на тивок глас дел од тоа што беше кажано од наша страна, рече обвинителката Фатиме Фетаи по судењето за шамарите во Центар, информира а1он.

– Во записникот е наведена обратна ситуација, дека јас сум се произнела во присуство на јавноста, одбраната на обвинитетиот и дека јавноста била исклучена единствено кога се слушале аудио снимките, што не е точно. Има и други работи кои се невистинито внесени во записникот, затоа ја бараме снимката од судењето на која имаме право согласно одредбата од член 374 од законот за кривична постапка во рок од 24 часа, а од 16 декември до денеска е поминат подолг временски период, рече Фетаи.

Таа нагласи дека за интелектуалниот фалсификат кој според неа е направен од судијата има соодветна кривично-правна норма предвидена од кривичниот законик која го санкционира ваквото поведение, а предвидени се и други постапки.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека самиот записник не соодветствува со фактичката состојба на денот кога беше првото рочиште и дека тие согласно законот имаат право на видео и аудио снимка која не им била доставена.

– Во прирпрема е и пријавата, но не знаеме зошто предметот ќе го праќа во Советот на јавни обвинители, тоа е многу смешно, а ние ќе го известиме советот за оваа ситуација. Судот не може да го одземе случајот, ние имаме снимки, рече Јанева./извор а1он

Слични содржини