ВИДЕО) Гаши: Странските дипломати не доаѓаат со готови решенија туку бараат начин за меѓусебен договор

од Vladimir Zorba

Копретседавачот на институтот Европски совет за надворешни работи, Карл Билт, одржа работна средба со потпретседателот на Беса, Африм Гаши на која се разговарало за актуелната криза во Република Македонија и евентуални решенија околу излез од истата, информира а1он. Исто така се разговарало и за ставовите и гледиштата на Движењето Беса за политичката ситуација во државата.

– Сакаа да знаат за Движењето Беса како нов субјект кои се нашите гледишта за процесите и државата, но поголем дел од времето го потрошивме за изнаоѓање начини како Македонија би можела да излезе од кризата, рече Гаши.

Тој исто така изјави дека странските дипломати не доаѓаат со готови решенија, туку бараат заеднички начин како политичарите би можеле меѓусебе да се договорат за излез од ваквата ситуација.

– Сите надворешни дипломати кои се дојдени до сега, барем што се однесува до пристапот што го имаат со Движењето Беса е таков, тие сакаат да помогнат Македонија да излезе од досегашната криза, вели Гаши./а1он

Слични содржини