(ВИДЕО) Градоначалниците со врзани раце, со петиција бараат датум за избори

од desk2

Локалната власт со врзани раце. Политичката криза во Македонија и одложувањето на локалните избори создава правен вакум во земјава, информира ТВ24.

Единствено решение за излез од безизлезот според партиите во Собранието е промена на изборниот законик. Со истекот на мандатот на градоначалниците и советниците на општините се ограничуваат нивните ингеренции. Експертите порачуваат дека локалната власт буквално ќе биде нефункционална.

„Нови работи, одлук, проекти, назначувања и именувања не може да превземаат зошто мандатот им истекол. сегашната криза создава и криза во локалната самоуправа и трпат граѓаните“ – вели универзитетскиот професор Темелко Ристевски.

На сличен став и поранешниот министер за локална самоуправа Тахир Хани. Тој во телефонски разговор за телевизија 24 посочува дека токму проблемот со политичата криза негативно влијае и на функонирањето на локалната власт, бидејќи по истекот на градоначалничкиот мандат врз основа на законот за локална самоуправа тие не ќе можат да работат со полн легитимитет.

„Откако на градоначалниците ќе им истече мандатот за еден месец, тие нема да имаат законска основа да потпишат каква било одлука, што е основна задача на локалната власт, во сите сегменти кои се однесуваат на животот на граѓаните во една општина“ – вели Тахит Хани, поранешен министер за локална самоуправа.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини