Ние можеме само да дадеме совет, ние сме подготвени и да понудиме помош, ние сме спремни да испратиме европски олеснувач, доколку е потребно, но сопствеништвото треба да биде македонско, ние не можеме да ви кажеме што е најдоброто, ние можеме да ви кажеме дека ако сакате да бидете дел од ЕУ, треба да почитувате одредени правила и тогаш вие ќе одлучувате што ќе правите, вели италијанскиот амбасадор Ернесто Масимо Белели во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Како вие како амбасадор на Италија, која е земја членка на ЕУ, гледате на политичката криза во Македонија поврзана со полициската акција Пуч и аферата прислушување што ја објави опозицијата?

Ние како Италија и генерално, пристапот можам да кажам на сите европски држави е повеќе или помалку ист, ние сме загрижени за ситуацијата, затоа што ние мислиме дека крајната дестинација на Македонија е Европа, каде што треба да биде целиот Балкан. Европа нема да биде комплетна доколку Македонија не е во неа. Така што тоа е фактор што ја дестабилизира државата и го прави потежок патот на државата за влез во ЕУ. Затоа ние сме загрижени, Италија е многу поблиску географски па затоа ние сме и позагрижени.

Слични содржини