(ВИДЕО) Милошоски: Ако Заев сака да ги увери граѓаните дека води политика за доброто на Македонија, треба да ја отфрли платформата

од desk2

Поранешниот министер за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски, во своето обраќање во врска со владината програма на СДСМ остро го осуди лидерот на партијата, Зоран Заев дека го потценува и не го почитува мислењето на македонските граѓани.

Милошоски рече дека доколку Заев сака да ги увери граѓаните дека води политика за доброто на Македонија, треба да ја отфрли платформата.
Тој додаде дека прифаќањето на платформата штети на унитарноста и стабилноста на државата и го повика Заев да прифати формирање малцинска влада или одржување на нови избори на кои ќе се гласа и за платформата.

Слични содржини