(ВИДЕО) Николовски: Повеќе мерки за подобрување на состојбите во земјоделството

од desk2

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Неготино ги соопшти новите мерки и политики на Владата за земјоделците. Притоа, информираше била донесена нова Национална програма за змејоделство и рурален развој за следните пет години.

– Ги донесовме и годишните програми и затоа мислам дека е вистински момент да ги соопштиме новините и мерките кои ги предвидуваме. Оваа година предвидуваме зголемување на субвенциите за сите лозари кои имаат меѓу еден и десет хектари лозови насади. Нашата интенција е да ги стимулираме да го модернизираат производството, односно да даваме уште поголема поддршка на категоријата на земјоделци кои навистина можат да го донесат развојот. Затоа предвидуваме дополнителни 20 отсто за оваа категорија да премине во уште поголема, рече Николовски.

Според него, новина е и подршката од 12 илјади денари во делот на реконструкцијата на лозовите насади, односно обнова на сортите и на старосната структура на лозјата. Ова, рече, ќе придонесе кон зголемување на квалитетот на производството.

Слични содржини