(ВИДЕО) Револтирани родители пред вратата на директорот: Не ги терај нашите деца на протест

од Vladimir Zorba

Група од педесетина револтирани родители на учениците од прилепската гимназија Мирче Ацев во Прилеп денеска одржаа мирен протест пред училиштето и го искажаа својот револт од барањето на директорот Кирил Николоски учениците да излегуваат на протести.

Родителите пред гимназијата побараа да не се злоупотребуваат нивните деца и велат дека се загрижени за безбедноста на децата кои треба да бидат на настава, а не на протести.

 

– Ние сме собрани загрижени родители во врска со настаните во гимназијата предизвикани од директорот Киро Николоски кој на децата им држеше политички говор и ги повикуваше со сила да излезат на протест насилно. Бараме негова одговорност и му поставуваме барање да не свика во проширен состав на родителски совет, а потоа да свика родителска средба на сите родители за да ни објасни кои се причините децата да ги повикува на протести. Се надеваме дека ќе ни излезе во пресрет и дека ќе ги остави нашите деца да учат, рече Илија Маркоски родител на ученичка.

Матеуда Спиркоска, родител на ученик во Мирче Ацев вели дека ќе се обратат до Просветниот инспекторат, Министерството за образование и локалната самоуправа со цел да побараат негова одговорност.

– Децата кажуваат дека немаат комплетна настава, ослободени се од професори кои јавно им кажуваат дека ќе одат на протест и ги повикуваат. Гимназијата беше гордост за поранешни ученици, дно е некој директор да повикува на протест и да држи политички говори. Прилеп и директорот кажаа дека просветните работници не се бираат по квалитет туку од штабовите на ВМРО-ДПМНЕ. Оставка да се побара и криивчна одговорност, вели Мартин Андоноски, родител на ученик./А1Он

Слични содржини