Под притисок на изборите или од страв, власта на Груевски ги повлече неуставните закони за хонорарците.

Упорноста и истрајноста на граѓаните е за почит и покажува дека само така се менуваат работите.

Заедно со граѓаните, во изминатите 7 месеци укажувавме на нелогичноста на овие законски измени и вчерашниот владин потег го потврди тоа.

Не го прифаќаме оправдувањето на Ставрески за повлекувањето на законските решенија, но се согласуваме со Ставрески дека навистина “се исцрпени ефектите“ од нелогичноста на законите.

За изминатите 7 месеци:

• Голем број граѓани добија помали хонорари и повторно останаа без здравствено и социјално осигурување,
• Законот ги обврза граѓаните да плаќаат два пати за едно исто право, здравствено осигурување, и повторно и повторно да плаќаат за истото право, без притоа да добијат услуга повеќе,
• Измените на законот беа донесени да ги наполнат празните буџети на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување.

По признанието на Владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, бараме власта да ги обесштети сите граѓани кои досега уредно си ги плаќаа наметнатите придонеси за хонорарците.

Го повикуваме Уставниот суд конечно да се произнесе дека овие законски измени беа противуставни.

Сите граѓани кои имаат потреба од правна помош за остварување на нивните права слободно можат да ни се обратат.
Ова нека биде поука дека во сите процеси на носење нови законски решенија, мора да се вклучат граѓаните кои се засегнати, уште во подготовката, затоа што само таквите закони може да обезбедат правна сигурност.

Сите досега направени измени од страна на оваа власт, на сите закони од доменот на трудово право, се на штета на работникот.
Полека но сигурно доаѓа времето кога Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да понесат одговорност за погрешните политики со коишто директно ги осиромашија граѓаните.

Слични содржини