Дроновите ни овозможуваат да уживаме во најубавите глетки на нашата планета и тоа од безумни агли, недостапни за човековите можности. Сега Jermaín Odremán го обезбеди ова возбудливо видео направена со дрон што го прикажа во запрепастувачка перспектива највисокиот водопад во светот – Анхел.Водопадот Анхел во Венецуела е висок 979 метри, а висината со постојано слободно паѓање на вода – 807 метри. На шпански водопадот Aнхел се нарекува Salto Ángel или Керепакупај меру на локалниот пемонски јазик, што значи “водопад на најдлабокото место”.

Salto-Angel-Kerepakupai-Vená-Venezuela

Наречен е во чест на пилот Џејмс Крофорд Ејнџел, кој прелетал над водопадот во 1933 година и го прави познат за светот. Водопадот се наоѓа во тропските шуми на Венецуела на територијата на Националниот парк Канајма.

Водата се спушта од висината Аујантепуи, најголемата од венецуелските тепуи, што во превод значи “планина на ѓаволот”. Височината му е толку голема што пред да стигне до земјата, водата се растура на многу мали капки и се претвора во магла. Маглата може да се насети од неколку километри. Настанатата вода се влева во реката Кереп.

Слични содржини