За прв пат по 32 години снег паѓаше во албанскиот туристички град Саранда на брегот на Јонското Море.
Снег вееше и во Атина, каде што голем дел од училиштата беа затворени. Мигранти продолжуваат да се смрзнуваатView image on TwitterВо последните денови во земјата е регистрирана рекордна потрошувачка на струја, а властите соопштија дека енергетските компании се на границата на можностите по создадените сериозни проблеми, поврзани со недостатокот на струја поради студеното време.
Поради ризикот, министерот за енергија Јоргос Статакис повика корисниците да се обидат да штедат струја во часовите од 18.00 до полноќ.

Во врска со ова Грција забрани да се извезува струја за соседни земји, а целта – да пренасочи сета произведена количина за домашна потрошувачка.