СДСМ бара да се отповика распуштањето на парламентот и да се објави нов датум за избори. На 24 април нема да учествуваат.

zaev3

Опозицјата нема да оди на изборите во април. Но, дава шанса договорот од Пржино да опстои-бараат нов датум за избори и да се поништи веќе донесената одлука за распуштање на парламентот во февруари, која значи избори во април. Ова е одлука донесена вечерашниот заседание на Централниот одбор на партијата.

– Фер, регуларни и демократски избори се императив за Македонија, а не датум за избори, вакви избори на Македонија не и требаат, затоа менувањето на датумот не е желба на опозицијата туку потреба за целосна реализација на Договорот од Пржино, рече Заев.

Квалитетена и кредибилна проверка на Изборачкиот список за 30 дена не е можна, нема фер и демократски избори без соодветна регулација на медиумите и фер простор за сите партии со навремен ефект пред изборите, рече тој.

Договорот од Пржино мора да се имплементира во целост, истакна Заев. Според него, едностраната одлука за распуштање на собранието на 24 февруари и остави на СДСМ само две опции, да ги напушти институциите или да бара нов датум за избори.

– Договорот од Пржино мора да се исполни во целост, ние нема да бидеме причина за кршење на договорот од Пржино, заклучи лидерот на СДСМ.

Слични содржини