На дебатата која се организираше во кампот на слободата пред Владата, Заев одговараше и на прашање за извршителите и извршните решенија со кои се погодени илјадници граѓани кои нема каде да се пожалат и на кои им се зема се.

Заев одговори дека голем дел од овие одлуки се спротивни на законите и на Уставот, и дека се пречекорува границата од една третина од плата, и дека се зема се, па дури и плус од членови на семејството.

– Ова не е според закон, ова не го предвидува Уставот, преминати се ингеренциите. Извршителите не смеат да ја вршат улогата на конечно осиромашување на најсиромашните. Мораме да изградиме праведно општество со социјална правда, каде што ќе се знае до каде може да се оди со извршителите и извршните решенија.

Слични содржини