Витни Хјустон била бисексуалка

од Vladimir Zorba

Витни Хјустон имала тајна љубовна врска со нејзината најдобра пријателка, според поранешниот сопруг Боби Браун.

Гласините за истополовата љубов со Робин Крафорд  е со години, но сега Боби Браун го потврди  тоа пред Us Weekly дека има добра причина да верува дека тоа не се само гласини,туку вистина. Всушност тој тоа го тврди во својата нова книга, каде отворено изјавува дека неговата поранешна жена била бисексуална.

“Јас знаев”, вели тој за Us Weekly за односите меѓу Витни и нејзината асистентка, која била и најдобра пријателка.

“Ние бевме во брак во текот на 14 години. Има некои работи кои си  ги делевме само еден со друг.”
“Јас сум маж, и таа беше приврзана кон мене”, раскажа тој за списанието, како споделува уште дека покојниот Тупак Шакур е исто така и бил љубовник на Витни Хјустон.
Познатата пејачка и нејзината пријателка Робин биле неразделни уште од тинејџерските   години во Њу Џерси. Тие го обиколиле целиот свет заедно. Додека беше жива, Витни често ги негираше тврдењата дека е бисексуална и има врска со
Робин, но таткото на покојната ќерка Боби Кристина Браун изјави дека тоа било само за да го смири своето семејство.

Нејзината мајка, Сиси Хјустон, воопшто не одобрувала  лезбејски врска на ќерка си и повеќе пати ја  терала пејачката да ги прекине односите со Робин.

По смртта на Витни во 2012 година, Робин напиша во статија за Esquire за девојка, велејќи
дека Витни е “верен пријател”, кој “изгледаше како ангел.”

“ЈА сакав нејзината смеа , и тоа е она што ќе ми недостига најмногу”, изјави тогаш таа.

Слични содржини