Со пресметани ризици, Владата подготвува ново циркуларно писмо кое ќе биде испратено до инвеститорите – потенцијални купувачи на Еврообврзницата. Инвеститорска конференција за издавање на Еврообврзница ќе има јави Ројтерс посочувајќи дека властите подготвуваат нов документ.

Euro-para-480x271[1]

“Според еден извор, нова понуда која содржи дополнителни фактори на ризик, исто така, ќе биде испратена до инвеститорите да се види дали трансакцијата може да биде повторно покрената. -јавува Ројтерс.

Тимот на министреот за финасии Миновски во змејава се врати во петокот по пет дневното роуд шоу, кое заврши со неуспешан обид за задолќување откако до заедничкиот менаџмент составен од претставници на Сити, Дојче банк, Ерсте банк и Сосиете женерал , било испратено писмо од Кире Наумов во кое се наведува дека издавањето се коси со законите во земјава. Од опозициската СДСМ повторно упатувата дека задолжувањето ќе биде незаконско.

“Груевски и неговите послушници очигледно немаат намера да се откажат од извршувањето на најголемото финансиско злосторство и со глава во ѕид се обидуваат да им натоварат нов незаконски долг од 650 милиони евра на граѓаните и идните генерации. Порачуваме дека никој нема да биде амнестиран за своите постапки во евентуалното ново противзаконско задолжување на граѓаните“, – се вели во писмената реакција на СДСМ од каде посочуваат дека со издавањето на еврообврзница се кршат Законот за Влада, Законот за јавен долг, Законот за буџет и Кривичниот законик.

“Ги повикуваме уште еднаш сите раководни лица кои се инволвирани во издавањето на Еврообврзницата, по досегашната постапка, да ја преиспитаат својата одлука“,
-посочуваат од опозициската партија.

Министерот за финансии, Кирил Миноски соопшти дека со парите треба да се финансираат две буџетски години но и да се врателе 200 милиони евра по основ на доспеан долг. Од опозицијата останувата на ставот дека Власта се задолќува за да опстои на валст и дека нема да биде доведена во прашње исплата на плати и пензии . За ова задолќување веќе реагираат и помалите политички апртии, економски институти и експерти кои побара да се преиспита висината на задолжувањето.

Извор: 24 Вести

Слични содржини