ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ молчат, Брисел гледа ден потоа, констатира РСЕ

од Vladimir Zorba

Партиите или не коментираат или даваат неконкретни изјави за вчерашниот апел од европратениците и еврокомесарот Јоханес Хан упатен до сите политички лидери. Аналитичарите, пак, изјавата ја толкуваат како апел упатен за по 29 јануари, ако дотогаш ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеат да формираат влада, информира РСЕ.


На три дена пред истекот на рокот за формирање влада, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не откриваат ништо. Партиите или не коментираат или даваат неконкретни изјави и за вчерашниот апел од европратениците и еврокомесарот Јоханес Хан упатен до сите политички лидери – „да најдат, во целосна согласност со крајните законски рокови, заеднички основи за формирање стабилна, цврста и одговорна влада“. Според нив таква коалиција би требало да се собере околу силниот, инклузивен, реформски консензус и меѓуетничка соработка

„ВМРО-ДПМНЕ на изборите победи и ја доби поддршката од народот да состави влада. Највисоките органи му дадоа согласност на претседателот и мандатар Никола Груевски да ги води преговорите за влада“, вели партискиот портпарол Иво Котевски.

Од ДУИ молчат за апелот на странците, а од СДСМ велат дека прашањата врзани за формирање влада треба да бидат упатени до оној кој во овој момент го има мандатот.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини