ВМРО-ДПМНЕ: Институциите паднаа на испитот – уметниците и пратениците не се терористи

од desk4

ВМРО-ДПМНЕ уште посочува дека Институциите уште еднаш паднаа на тестот за владеење на правото.
„Судот со одлуката да ги отфрли жалбите за ослободување од притвор на патриотите кои ја бранеа оваа држава уште еднаш потврди дека ги подржува катастрофалните политики кои водат кон се поголем раздор и продлабочување на кризата.

Институциите не покажаа минимум зрелост да работат за граѓаните, како што тоа им е наложено согласно закон и Устав„.

Од ВМРО-ДПМНЕ, додаваат дека уметниците, пратениците, полициските службеници и останатите притворени во врска со настаните од 27 април не се терористи. Тие не сториле никаков терористички акт, бидејќи немале намера да се сокријат од правдата, ниту пак влијаеле или пак имале намера да влијаат врз истрагата.

Оперските пејачи, глумците, режисерите, архитектите, докторите и останатите се жртви на политички прогон само заради тоа што имаа храброст гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните политики на власта, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини