ВМРО-ДПМНЕ: Обраќањето на Заев е полно со празни зборови, популизам и лицемерие

од Vladimir Zorba

Празни зборови, популизам и куп лицемерие. Овие карактеристики кои беа главно обележје на делувањето на Зоран Заев и СДС изминативе години, беа основата и на неговото обраќање со кое повторно бара поддршка за задржување на лидерското место во партијата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на Заев на 22 конгрес на СДСМ.

„Зоран Заев како лидер на СДС ги загуби парламентарните избори и во 2014 и во 2016 година, а под негово раководство СДС и нивниот кандидат загубија и на претседателските избори. Граѓаните не му веруваат и не му ја даваат нивната поддршка затоа што сметаат дека тој ниту има капацитет, ниту има знаење за да ја води државата.
 Врв на лицемерието е човек кој цела јавност го гледа како бара поткуп од „едно евро за Вицето“, кој се заканува дека „ќе јаде живи луѓе“ или зборува дека „ќе се пука“, да говори за враќање на моралните вредности. Врв на лицемерието е човек кој цела јавност го гледа како бега од судските рочишта за бараниот поткуп, кој е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра во случајот „Глобал“ или за криминалот во случајот „Пуч“ да говори за враќање на правната држава“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека зад Зоран Заев не стоел ниту еден успешен проект, а дека СДСМ е синоним за деструкција, интриги и манипулации.

Слични содржини