ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ предлага во Македонија натпреварот да биде кој со помалку учење и предмети ќе заврши училиште

од desk2

„Деструкцијата на Социјалдемократскиот сојуз продолжува со најрaзновидни планови за укинување, рушење или намалување на бенефитите, мерките и проектите кои се воведени во интерес на граѓаните.

Додека земјите во светот се натпреваруваат кој повеќе и побрзо ќе направи некаква иновација, СДСМ предлага во Македонија натпреварот да биде кој со помалку учење, предмети и часови ќе заврши училиште. Оваа нивна идеја предвидува бркање на илјадници наставници и професори од своите работни места. Но, тоа не е ништо ново. Бркањето луѓе од работа е традиционална вредност на поразениот СДСМ кој своевремено без работа остави повеќе од 200.000 граѓани, чиишто семејства преживуваа на работ на егзистенцијата.

За среќа, планот на СДСМ нема да се реализира. Мнозинството граѓани гласаа за програмата Реално, во која такво нешто не е предвидено. Напротив, предвидовме отворање на нови работни места!

Ќе продолжи и објективното оценување на учениците. ВМРО-ДПМНЕ е против лошите вредности од транзицијата и наметнатото рушење на критериумите поради притисоци од родители за оцените на своите деца, испраќајќи порака на тој начин дека наместо со труд, може да се успее со врски и ургенции. Таквата состојба е променета и нема да дозволиме земјата да се врати стотици чекори назад.

Наспроти СДСМ, заложбите на ВМРО–ДПМНЕ се во насока на создавање на квалитетни генерации, ученици кои ќе поседуваат реални познавања на областите кои ги изучуваат, што ќе им помогне за понатамошен личен и професионален напредок.

Затоа продолжуваат вложувањата во креирање и примена на квалитетни наставни програми и учебници, вложувањата во обуки на наставниците и вложувањата во образовната инфраструктура во која, во изминатите неколку години се случува градежна експанзија, а резултатот е изградени 74 нови училишта, повеќе од 400 реконструирани, изградени нови 98 спортски сали, игралишта, тениски терени.

Апелираме до СДСМ да се разбудат од моменталната состојба која ја имаат замислено, да се соочат со реалноста и да сфатат дека тие се губитници на предвремените парламентарни избори и немаат право и можност да укинуваат, намалуваат или рушат веќе реализирани проекти“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини