Во пожарите во Калифорнија снимено дрво што гори од внатре

од desk2

Еден граѓанин на Сонома во Калифорнија за време на бегството од пожарите забележал невообичаен феномен, па застанал и го снимил со камера.

„Оган тлееше во неколку дупки од дрвото, а на врвот на стеблото излегуваше чад како од оџак“, вели тој.

„Почнавме да бегаме од пожарот, а патот кон Полома беше отворен. Кога наидов на дрвото, едноставно морав да застанам. Во животот не сум видел ништо слично“, заклучува Медермот.

Во десетиците шумски пожари кои горат во Северна Калифорнија, до сега страдаа 40 луѓе.

Сè уште не се знае како почнале пожарите кои избија во неделата.

https://www.youtube.com/watch?v=FOZ_PHQipqM

Слични содржини