Врховен суд одлучи -Парламентот да одлучи за активирање на членот 50 и Брегзит

од Vladimir Zorba

Британскиот Парламент мора да гласа дали Владата да го почне процесот за брегзит, соопшти денеска Врховниот суд.

Одлуката значи дека премиерката Тереза Меј не може да почне разговори со Европската унија се додека членовите на Парламентот не и дадат дозвола.

Судот одлучи дека шкотскиот Парламент како и велшкиот, северноирскиот не е потребно да дадат одобрение за тоа. Одлуката треба да се донесе најдоцна до 31 март кога е крајниот рок.

Се очекува соопштение од Владата на Велика Британија, која наведе дека подготвена за активирање на Членот 50 од Лисабонскиот договор и дека за тоа не се потребни со парламентот, јавија локални медиуми.

Истата одлука Врховниот суд ја донесе и во ноември, но британската Влада се жалеше и повторно го загуби процесот.

Лорд Науберг објасни дека Судот не зазема став дали Велика Британија треба да ја напушти ЕУ или не, туку само е заклучено дека за активирање на членот 50 мора да се гласа во Парламентот

Слични содржини